
Министерството за здравство, преку објава на ФБ го промовираше приказот на идниот Меморијален центар во Тетово во спомен за загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово.
Во трагедијата загинаа 12 хоспитализирани пациенти и двајца нивни роднини. Пожарот ја уништи болницата за помалку од три минути.
Модуларната болница во Тетово беше една од 29-те изградени за справување со големиот број заболени од Ковид-19.