
Свечено отворање на 10. јубилејно издание на ММФ Киненова 2025
Десеттото издание на ММФ Киненова под мотото „Фати го дур не полетал“ ќе трае до 5 октомври, со проекции, мастер-класи и индустриски настани на повеќе локации низ Скопје, и тоа во Киноверзум, Националната опера и балет и Домот на културата „Билјана Беличанец“.
Со регионална премиера на хрватскиот филм „Изгубениот сон на југословенскиот тим од соништата“ вечерва во Националната опера и балет во Скопје ќе биде свечено отворено 10. јубилејно издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова 2025.
Десеттото издание на ММФ Киненова под мотото „Фати го дур не полетал“ ќе трае до 5 октомври, со проекции, мастер-класи и индустриски настани на повеќе локации низ Скопје, и тоа во Киноверзум, Националната опера и балет и Домот на културата „Билјана Беличанец“.
Меѓународниот филмски фестивал КинеНова Скопје, вклучува активности како што се промоција, поддршка, размена на искуства и филмски награди и е замислен како место каде новите филмски автори можат да ги прикажат новите приказни и да понудат свежа перспектива за човештвото и светот во кој живееме.