
Сопругата на полицаецот Тоше Тодоровски револтирана што не била поканета на откривање на спомен-бистата што денеска беше поставена.
Во кругот на Полициската станица во Пробиштип, денеска се одржа свечена церемонија на откривање на спомен-биста во чест на полицискиот службеник Тоше Тодоровски, кој трагично го загуби својот живот извршувајќи службена задача во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
-Министерот Тошковски без семејството и децата на загинатиот полицаец Тоше Тодоровски денеска ја откри неговата биста во Пробиштип, обвини поранешната сопруга на Тодоровски.