Сиљановска Давкова на прием кај Трамп по повод 80. Генерално собрание на ОН

„Во овие турбулентни случувања во светот, важно е да не отстапиме од демократските вредности и да се обединиме во зачувување на глобалниот мир и безбедност. САД биле и остануваат наши искрени сојузници на овој пат“, порача претседателката.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која е во повеќедневна посета на САД, објави дека присуствувала на приемот што американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија го приредиле по повод 80. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН).

„Во овие турбулентни случувања во светот, важно е да не отстапиме од демократските вредности и да се обединиме во зачувување на глобалниот мир и безбедност. САД биле и остануваат наши искрени сојузници на овој пат. Благодарност за гостопримството!“, пишува Сиљановска Давкова во објавата на Фејсбук.

Претседателката на државата е во неколкудневна посета на САД по повод одржувањето на 80. Генерално собрание на ОН. На работната посета ја придружуваат и министрите за надворешни работи и надворешна трговија и за европски прашања Тимчо Муцунски и Орхан Муртезани.