
Дождот не ги спречи аеродромци да појдат на Вардариште
За тоа што е видено на Вардариште и што е кажано од страна на градоначалникот и други надлежни лица во однос на депонијата, иницијативата Стоп за Вардариште ќе информира вечер за време на блокадата на истата крстосница која почнува во исто време, во 18 часот.
Претставници на граѓаните кои секој ден протестираат за чист воздух во Аеродром на крстосницата пред мостот Близнак во Скопје, и утрово заминаа на депонијата Вардариште заедно со градоначалникот на општината Дејан Митески.
Останатите граѓани според договореното ја блокираа крстосницата од 7:30 до 8:30.
За тоа што е видено на Вардариште и што е кажано од страна на градоначалникот и други надлежни лица во однос на депонијата, иницијативата Стоп за Вардариште ќе информира вечер за време на блокадата на истата крстосница која почнува во исто време, во 18 часот.
Во 18 часот блокада ќе има и на крстосницата кај железничкиот премин во Маџари на улицата Перо Наков.