ЗНАМ до Левица за политичкото рекламирање: Апасиев е евтин шибицар кој држи лекции за правда

Од движењето ЗНАМ денеска со коментар за поплаките од партијата Левица дека е исклучена од можноста за платено политичко рекламирање според Упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025 година објавено од ААВМУ. Велат дека средствата за рекламирање на претстојните избори се распределени по Упатството на ААВМУ и насоките на Државната изборна комисија ДИК.

„Сè е транспарентно, по јасни правила и закони, а не по желби и апетити на алчни политичари. Нема простор за плачење и театар“ – реагираат од ЗНАМ.

Според движењето, „Апасиев е револуционер на фејсбук-статуси, а во реалноста евтин шибицар кој држи лекции за правда“.

„Човек што до вчера беше советниче со дебел хонорар во СЈО-институција, чиј начин на работа создаде серија сомнежи и контроверзии, а денес својата партија ја третира како личен банкомат, како личен џеб, по принципот кога сакам – вадам, кога сакам – трошам“ – се вели во реакцијата на ЗНАМ.

Му порачаа на Апасиев, пред да држи лекции да го заврзе џебот, оти таму е неговата единствена револуција, во парите што ги вади за себе и за неговата дружина.