
Христодулидис од ОН: Кипар чекори по патот на одговорноста
Мојата земја, Кипар, чекори по патот на одговорноста и е подготвена да оди понатаму. Уште поактивно да ја преземе својата улога како столб на безбедност и стабилност во Источниот Медитеран и поширокиот регион на Блискиот Исток. Како движечка сила за соработка, поткрепена од визијата за сила, преку соработка со државите со кои има исто мислње и како безбедно пристаниште во немирни води, нагласи кипарскиот претседател Никос Христодулидис говорејќи на Генералното собрание на ОН, јави дописничката на МИА од Атина.
Мојата земја, Кипар, чекори по патот на одговорноста и е подготвена да оди понатаму. Уште поактивно да ја преземе својата улога како столб на безбедност и стабилност во Источниот Медитеран и поширокиот регион на Блискиот Исток. Како движечка сила за соработка, поткрепена од визијата за сила, преку соработка со државите со кои има исто мислње и како безбедно пристаниште во немирни води, нагласи кипарскиот претседател Никос Христодулидис говорејќи на Генералното собрание на ОН, јави дописничката на МИА од Атина.
Претседателот на Република Кипар се осврна на последните геополитички случувања во поширокиот регион и улогата на земјата, на кипарското прашање, на војната во Украина, како и на претстојното кипарско претседателство со ЕУ.
Ја нагласи улогата на Кипар како хуманитарен центар во Источниот Медитеран, со поморскиот хуманитарен коридор „Амалтиа“, за помош за цивилите во Појасот Газа, повика на итен прекин на огнот, непречен проток на хуманитарна помош, ослободување на сите заложници и враќање кон решението за две држави, како што е дефинирано во резолуциите на ОН, порачувајќи дека „нема замена за мирот“ и дека „оваа војна мора да заврши“.
Се осврна и на руската инвазија во Украина, правејќи паралела со ситуацијата на Кипар со турската окупација од 1974 година.
– Секој пат кога замижуваме пред прекршувањето на територијалниот интегритет и суверенитет на државите насекаде во светот, обезбедуваме простор и можности за следниот агресор. И овој пат тоа може да биде некој што граничи со вашата земја. Во 2022 година. Русија изврши инвазија врз една суверена држава – Украина, прекршувајќи ја Повелбата на Обединетите нации. Во 1974 година, Турција изврши инвазија врз една суверена држава – Кипар, прекршувајќи ја Повелбата на Обединетите нации. Прекршувањето е исто. Тортурата. Инвазијата и окупацијата. Кипар е под турска окупација 51 година, истакна кипарскиот претседател.
Се осврна и на обраќањето на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за кој рече дека „ги обвини другите за злосторства што самата Турција ги прави секој ден“ и тоа претставува „селективна чувствителност и лицемерие на највисоко ниво“, но и дека „незаконитоста што произлегува од употребата на сила не може да се прифати“.
– Мојот повик денеска до г. Ердоган е да го следи патот на одговорноста: Да ја прекине окупацијата, преку преговорите за сеопфатно решение кое ќе го обедини Кипар во една би-зонална, би-комунална федерација со политичка еднаквост. Секогаш во согласност со резолуциите на Советот за безбедност на ОН, вредностите и принципите на правото на Европската Унија. Ова е единствениот пат, посочи Христодулидис и изрази подготвеност да ја презеде одговорноста „за одново обединување на земјата, за обединување на народот, на кипарските Грци и кипарските Турци“.
Во однос на кипарското претседателство со Европската Унија во првата половина на 2026 година, нагласи дека е „уште еден момент на одговорност за Кипар“, а „срцето на Европа ќе чука шест месеци во нејзината последна поделена земја-членка, која е под окупација од турската инвазија во 1974 година“.