
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, категорично ги демантира тврдењата дека убиената Росица К. пет месеци пред трагичниот настан му испратила СМС-порака во која барала помош.
„Овој трагичен случај не смее да се злоупотребува за дневнополитички цели“, порачуваат од МВР.
Во јавноста и на социјалните мрежи кружи фотографија за која се тврди дека е СМС пораката што Росица наводно ја испратила до Тошковски. Сепак, на сликата недостигаат три цифри од телефонскиот број, нема датум на испраќање, а веродостојноста не може да се потврди.
Во спорната порака, меѓу другото, пишува:
„Човекот кој од декември ме демне, ме тепа, силува и ми ја запали колата, сè уште е на слобода! Вратен му е пасошот од МВР и во моментов слетува во Берлин.“
Министерот тврди дека оваа порака не е автентична.