
Тошковски: Најдобрите студенти треба да влезат во безбедносните институции
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави можност за потпишување меморандум за соработка на МВР со Факултетот за безбедност, но и останати факултети како Правниот, Економскиот...кои имаат допирни точки со областа на безбедноста, со цел на најдобрите студенти да им се овозможи влез во државните институции чиј делокруг на работа е безбедноста, кои, како што рече треба да бидат темел на една држава.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави можност за потпишување меморандум за соработка на МВР со Факултетот за безбедност, но и останати факултети како Правниот, Економскиот…кои имаат допирни точки со областа на безбедноста, со цел на најдобрите студенти да им се овозможи влез во државните институции чиј делокруг на работа е безбедноста, кои, како што рече треба да бидат темел на една држава.
-Ние имаме многу добра соработка меѓу МВР и Факултетот, и таа е една од клучните соработки кои ги имаме со високообразовни институции. Можам да најавам дека согласно новиот Закон за внатрешни работи ќе имаме можност со сите високообразовни институции кои таргетираат во областа на безбедноста, а особено со Факултетот за безбедност Скопје да склучиме Меморандум за соработка со кој што најквалитетните кадри кои ќе произлезат оттаму, да влезат во рамки на безбедносните институции, таму каде им е местото, рече министерот Тошковски во воведното обраќање на 16-та меѓународна научна конференција на тема „Системска корупција – најголемата безбедносна закана: Безбедносно-стратешки пристапи за решавање на сложените предизвици“ што се одржува во Скопје.
Тој изрази надеж дека оваа идеја ќе ја поддржат и останатите високообразовни институции како Правниот, Економскиот и други факултети кои ќе овозможат најквалитетните кадри да влезат во безбедносните институции.
-На ваков начин ќе има можност најквалитетните студенти, оние кои дале максимум од себе во рамки на своето високо образование, доколку сакаат имаат желба да ги вклучиме во рамки на МВР, за почеток. Се надевам дека во иднина и останатите институции, кои имаат во својот домен одредени прашања оврзани со безбедноста, како АНБ, Царината… ќе го следат овој пример и ќе им дадат дополнителен мотив на студентите, особено најдобрите да бидат дел од овие институции, кои навистина би требало да преставуваат темел на една современа демократска и европска држава, истакна министерот Тошковски во обраќањето.
Тој додаде дека оваа година, темата на конференцијата е многу актуелна и интересна во секое едно општество во особено на Балканот и истакна дека со дискусиите експертите ќе придонесат во можноста за справување со актуелните предизвици.