Ангелов: Имаме добри закони, кога читате глава боли, но во реалноста тоа не функционира

Хибриден напад е како хибридна кола која оди и на бензин и на струја, се користат различни средства за постигнување на различни цели, изјави Ангелов.

На хартија имаме добри закони, добри правилници, кога ќе ги читате глава боли, се е напишано како што треба, но, за жал, во реалноста тоа не функционира и тоа јавно го кажувам, рече Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Тоа е така, бидејќи законите не се прилагодени на суровата македонска реалност“, изјави Ангелов.

Хибриден напад е како хибридна кола која оди и на бензин и на струја, се користат различни средства за постигнување на различни цели

Тоа е како хибридна кола која оди и на бензин и на струја, отприлика тоа е мислам, да им биде појасно на гледачите, одговори Ангелов, на прашањето што е хибриден напад.

„Хибриден напад е користење на различни видови на средства заради постигнување на различни цели кои што не се воени цели“, додаде првиот човек на ДЗС.

Гаснењето на пожарот во Трубарево беше школски пример како треба да се гаси таков комплексен пожар

„На лице место беше ангажиран целиот државен систем. Покрај пожарникарите, јас бев на лице место како координатор на главниот штаб за управување со кризи, иако и не морав да бидам на лице место. Сепак е непроценливо кога сте таму и кога гледате со свои очи. Беа ангажирани воздухоплови, имаше полиција. Набрзо дојде и дополнителна полиција, се воспостави контрола околу самиот објект, дојдоа припадници на Армијата, возила на Итната медицинска помош, дојдоа екипи на Црвениот крст. Значи, едноставно целиот систем, она што го имаме како држава на располагање беше ставено во функција на еден, би рекол, организиран начин“, рече Ангелов.