Јакимовски обвини дека го саботираат во Карпош со несобирање на ѓубрето

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, сподели видео во кое ги прозва институциите да си ја вршат својата работа и да го решат проблемот со ѓубрето во општината.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, сподели видео во кое ги прозва институциите да си ја вршат својата работа и да го решат проблемот со ѓубрето во општината.

“Ова што се прави деновиве со ѓубрето низ Карпош е најпростачкиот начин за пресметка со граѓаните. Наместо институциите да си ја вршат својата работа – ни прават саботажа.
Граѓаните на Карпош не заслужуваат да им смрди отпад под носот, ниту пред колективни згради, ниту пред нивните куќи. Господине премиере, имаш министер за локална самоуправа, имаш министер за екологија, ја водиш државата и имаш двотретинско мнозинство. Наместо да се занимавате со игри и пресметки, најдете решенија!Јас нема да молчам – ќе продолжам да зборувам гласно за секоја неправда кон Карпош и неговите граѓани”, вели во објавата градоначалникот Јакимовски.