
Мурињо: Не дојдов во Бенфика за да го иритирам Порто
Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, зборуваше за неговото враќање во португалската лига.
Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, зборуваше за неговото враќање во португалската лига.
– Ако ме прашате дали Порто е еден од најголемите клубови во светот, ќе кажам да. Дали Порто е гигант, исто така ќе кажам да. Не дојдов во Бенфика за да го иритирам Порто, туку за да уживам во можноста да работам во голем клуб со големи амбиции. Се надевам дека нашите ривали нема да се навредат. Дали мислам дека повторно ќе бидам дочекан со аплауз на „Естадио до Драгао“? Секако дека не.
– Но, Порто е многу важен дел од мојата историја, а јас сум дел од историјата на Порто.
– Откако се приклучив на Бенфика, разговарав со Виљаш-Боаш и претседателот на Спортинг, Варандес. Само затоа што станав тренер на Бенфика, не значи дека дојдов тука да војувам, изјави Мурињо за „А Бола“.
Во својот прв натпревар под водство на Мурињо, Бенфика викендов го победи АФС со 3:0.
Со 13 бода, тимот од Лисабон се искачи на второто место на табелата во португалското првенство.