Андоновски: Околу 200 000 граѓани вадат онлајн документи од порталот uslugi.gov.mk

Министерот информира дека кога Порталот почна со работа се даваа по 1 200 услуги месечно, а сега по 13 200. Зголемен е и бројот на корисници, од околу 100 000 на 200 000, посочувајќи дека денес се скоро 70 институции „закачени“ на Платформата за интероперабилност, а во почетокот беа 40.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска на прес-конференција информираше дека е зголемен бројот на корисници на Националниот портал https://uslugi.gov.mk/. Дел од документите што граѓаните можат да ги извадат онлајн за многу кратко време од овој портал се сите три потврди за неосудуваност (казнена, кривична и прекршочна евиденција), уверение за државјанство, петте најкористени услуги од Катастарот, потврдите за стаж од Агенцијата за вработување и Фондот на ПИОМ.

Министерот информира дека кога Порталот почна со работа се даваа по 1 200 услуги месечно, а сега по 13 200. Зголемен е и бројот на корисници, од околу 100 000 на 200 000, посочувајќи дека денес се скоро 70 институции „закачени“ на Платформата за интероперабилност, а во почетокот беа 40.

-Искористеноста е голема, од 1 200 услуги месечно што беа давани од порталот кога почна со работа, денес се 13 200, а бројот на корисници од околу 100 000 е зголемен на 200 000. Тоа значи дека граѓаните го препознаваат. Државјанство се вади целосно онлај и излегува за една минута, а потврдите за неосудуваност излегуваат за многу кратко време и не треба да одите до градот од каде потекнувате за да ги добиете, истакна Андоновски на прес-конференција одговорајќи на новинарски прашања.

Тој додаде дека последна дигитализирана е услугата на Државниот завод за статистика што ја користат сите студенти при запишување година или семестар.