
Во службените возила ќе се вметне и ГПС со цел зголемување на транспарентноста и контролата, кажа Томовски
Томовски објасни дека дел од службените возила се надвор од употреба и истите ќе бидат продадени после изборите и посочи дека во тие 7500 возила спаѓаат и возилата на МВР, МНР, АНБ, амбулантните возила, и сите останати во државна сопственост, потенцирајќи дека за да се функционира непречено не би било потребно да има повеќе од 2000 возила.
На телевизија Сител во „Тема на денот“ вчера гостуваше Ивица Томовски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ кој се осврна на темата за службените возила кои треба да поседуваат специјални регистарски таблички со цел зголемување на транспарентноста и контролата во користењето на службените возила за граѓаните да можат лесно да ги разликуваат, и истите доколку постои злоупотреба да ги пријават.
Томовски објасни дека дел од службените возила се надвор од употреба и истите ќе бидат продадени после изборите и посочи дека во тие 7500 возила спаѓаат и возилата на МВР, МНР, АНБ, амбулантните возила, и сите останати во државна сопственост, потенцирајќи дека за да се функционира непречено не би било потребно да има повеќе од 2000 возила.
Томовски исто така истакна дека формирана е работна група која ќе пристапи кон разгледување за промена на регулативата во случај на казнување при злоупотреба и објани дека при завршување на процесот за регистарот на возилата ќе бидат поставени ГПС во возилата со цел максимално намалување на злоупотребите.
-Отпочнавме формирање на работна група меѓу Министерството за внатрешни работи и СОЗР и ќе се пристапи кон промена и измена на регулативата да видиме во рамките на законите коишто се пропишани во државата, дали има шанса нешто да се направи околу казнувањето во случај на злоупотреба. Очекувам дека тоа ќе се заврши заклучно крајот на годината, бидејќи до тогаш МВР презема одговорност да го искреира оној регистар на возила кадешто тука ќе бидат и сите возила на државата па заедно со изработката на тој регистар да можеме ние да предвидеме промена на таа регулатива па да следат и казни за можните злоупотреби. Чекаме да се заврши регистарот на возила и веднаш штом го завршиме тој процес во соработка со МВР ќе направиме една таква владина одлука, сите возила да бидат обележани со ГПС- да може максимално да ги откоренеме злоупотребите на возилата, истакна Томовски.