
Голем пожар изби на отворен простор над скопското с. Батинци, зафати трева, грмушки и мешана шума, поради ветрот се шири со голема брзина, соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Скопската БППЗ работи на гаснење, набргу ќе пристигнат и два пинцгауери на ДЗС како и хеликоптерот на МВР а нешто подоцна ќе полетаат и два ер трактори на ДЗС.
На лице место е и директорот на ЦУК Мухамед Али.
Според првичните информации се работи за намерно подметнат пожар.
Видео: Независен