Гаши: Владата сè уште не доставила закон за заострување на мерките против пироманите

„Собранието функционира врз основа на Деловникот и Уставот. Штом ќе дојде предлог-закон до Собранието, ќе се обратиме до пратениците и можеме да се договориме дали има итност за свикување итна седница или не. Но, досега можам одговорно да ви кажам дека нема предлог за каква било таква иницијатива во Собранието“, изјави претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Владата сè уште не доставила до парламентот закон за заострување на мерките против пироманите.

Претседателот на парламентот, Африм Гаши, изјави дека во моментот кога ќе прифатат таков предлог, ќе ја разгледаат потребата од итна акција за законски измени.

„Собранието функционира врз основа на Деловникот и Уставот. Штом ќе дојде предлог-закон до Собранието, ќе се обратиме до пратениците и можеме да се договориме дали има итност за свикување итна седница или не.

Но, досега можам одговорно да ви кажам дека нема предлог за каква било таква иницијатива во Собранието“, изјави претседателот на Собранието, Африм Гаши.