
Претстојните локални избори некои политички партии ги доживуваат како референдум, но за повеќето граѓани, особено во Скопје, тие се тест дали метрополата конечно ќе исплива од четиригодишната нефункционална градска администрација која буквално ги урниса сите стандарди на современото живеење, почнувајќи од хигиената, јавниот превоз, урбанистичкиот хаос… Во изборната битка за едно ново Скопје влегоа многу нови, но и некои стари, добро познати имиња во политиката.
Едно од нив е Ристо Пенов, човек кој го знае функционирањето на Скопје од прва рака, со оглед дека беше градоначалник во два мандати, во минатата влада беше и министер за локална самоуправа, во два мандати беше пратеник, претседател на Либерално демократската партија…
Во интервју за „Независен“, Пенов вели дека на градот му е неопходен менаџер, но и домаќин. Човек кој ќе најде решение за бројните започнати проекти, а кои се замрзнати или се движат со брзина на полжав. Вели дека е поборник на компромиси во политиката, а не на блокади како изминатите четири години.
На овие избори тој е кандидат за советник на Град Скопје, и заедно со д-р Никола Пановски ја предводат листата на коалицијата „Искуство за успех“ во која се ЛДП, ГРОМ, Интегра-козервативна партија, како и Партијата за целосна еманципација на Ромите. За многумина ваквиот состав претставува изненадување, а Пенов одговара како дошло до оваа коалиција и зошто тоа не го направиле со некоја од поголемите партии, како на пример со СДСМ.
Интервјуто може да го прочитате тука