
Папата смета дека настаните во САД се вознемирувачки
Папата Лав Четиринаесетти изјави дека е вознемирен од некои од настаните што се случуваат во Соединетите Држави, објавија италијанските медиуми.
Папата Лав Четиринаесетти изјави дека е вознемирен од некои од настаните што се случуваат во Соединетите Држави, објавија италијанските медиуми.
-Немам планови да се вклучувам во партиска политика. Тоа не е целта на Црквата, рече папата роден во САД.
„Но, не се плашам да поставам прашања за кои мислам дека се навистина евангелистички прашања за кои се надевам дека луѓето од двете страни на политичкиот спектар, како што велат, можат да ги чујат“, додаде тој.
-Во еден од моите последни разговори со потпретседателот на Соединетите Држави, немав директни разговори со претседателот, ниту се сретнав со него, зборував за човечкото достоинство и колку е важно за сите луѓе, каде и да се родени, и се надевам дека можеме да најдеме начин да ги почитуваме човечките суштества, вклучително и во политиките што ги водиме и одлуките што ги донесуваме, рече поглаварот на Римокатоличката црква.
„Јасно е дека во САД се случуваат некои настани што се вознемирувачки“, нагласи папата.
-Продолжуваме да бараме начини барем да одговориме и да ги поставиме некои од прашањата што треба да се постават, рече Лав Четиринаесетти.