Откриено кој ќе стане целосен сопственик на Армани: Еве што вели тестаментот

Дизајнерот одржуваше строга креативна и менаџерска контрола врз компанијата до неговата смрт, соопшти агенцијата. Армани немаше деца да ја наследат компанијата, која во 2024 година имаше релативно стабилни приходи од 2,3 милијарди евра, но чии профити се намалија поради општата индустриска рецесија.

Фондацијата „Џорџо Армани“ ќе стане целосен сопственик на компанијата основана од модниот дизајнер, според тестаментот што го остави неодамна починатиот креатор, објавија италијанските медиуми.

Партнерот и десна рака на „Армани“, Панталео Дел’Орко, ќе има 40 проценти од правата на глас во акциите на компанијата, додека Фондацијата „Армани“ ќе има 30 проценти, а внуците Силвана Армани и Андреа Камерана 15 проценти, објави агенцијата „Анса“.

Покојниот дизајнер во својот тестамент навел дека Фондацијата е должна да управува со неговата компанија на етички начин и со морален интегритет. Тестаментот бара од неговите наследници да продадат 15 проценти од акциите во неговата модна компанија во рок од 18 месеци, а подоцна да пренесат дополнителни 30 до 54,9 проценти на истиот купувач во рок од три до пет години по неговата смрт, објави Ројтерс.

Според документ што го виде Ројтерс, во спротивно компанијата ќе мора да биде понудена на јавна продажба.

Во тестаментот се додава дека при идните продажби на акции во компанијата, приоритет треба да им се даде на луксузните брендови LVMH, L’Oreal, лидерот во очилата EssilorLuxorica и други групи со кои куќата на Армани имаше деловни врски. Армани беше единствен мнозински сопственик на компанијата што ја основа во 1970-тите со својот покоен партнер Серџо Галеоти.

Дизајнерот одржуваше строга креативна и менаџерска контрола врз компанијата до неговата смрт, соопшти агенцијата. Армани немаше деца да ја наследат компанијата, која во 2024 година имаше релативно стабилни приходи од 2,3 милијарди евра, но чии профити се намалија поради општата индустриска рецесија.