Андоновски: Вештачката интелигенција е револуционерна технологија, но треба да се развива со одговорност
Вештачката интелигенција е револуционерна технологија со потенцијал да ги трансформира економиите и општествата. Но, не смееме да дозволиме нејзината брзина на развој да ја надмине нашата способност за одговорно управување, истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на денешната панел-дискусија на тема „Вештачка интелигенција – револуција, апокалипса или големо разочарување?“ во рамки на Импакт самитот што оваа недела се одржува во Букурешт, Романија.

Министерот Андоновски во своето обраќање се осврна на значењето на одговорниот развој на вештачката интелигенција, притоа истакнувајќи дека Владата активно работи на градење на правна, етичка и технолошка рамка за безбедно и инклузивно користење на вештачката интелигенција во јавниот сектор.
Ова издание на „Импакт Букурешт“ собра голем број светски лидери, експерти и визионери од областа на технологијата, политиката и бизнисот.
Особено внимание привлече и обраќањето на Мишел Обама, сопругата на поранешниот претседател на САД, Барак Обама, која зборуваше за влијанието на новите технологии, лидерството и иновациите. Свое обраќање на отворањето имаше и градоначалникот на Букурешт, Стелијан Бујдувеану.