Макрон ќе понуди научни докази пред судот дека неговата сопруга е навистина жена

Овенс, поранешна коментаторка за конзервативниот американски весник „Дејли вајр“, која има милиони следбеници на социјалните мрежи, постојано го искажува својот став дека Брижит е маж.

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит планираат да презентираат фотографски и научни докази пред американскиот суд за да докажат дека Брижит е жена.

Нивниот адвокат вели дека двојката Макрон ќе презентира документи во тужбата за клевета што ја поднесоа против десничарската инфлуенсерка Кандис Овенс, откако таа го промовираше своето верување дека Брижит е родена како маж, објави Би-би-си.

Во разговор за подкастот „Glory Under Fire“ на Би-би-си, адвокатот на Макрон, Том Клер, вели дека Брижит ги сметала тврдењата за неверојатно вознемирувачки и оти му го одвлекувале вниманието на францускиот претседател.

Овенс, поранешна коментаторка за конзервативниот американски весник „Дејли вајр“, која има милиони следбеници на социјалните мрежи, постојано го искажува својот став дека Брижит е маж.

Во март 2024 година, таа тврдеше дека обвинението ќе го загрози нејзиниот целосен професионален углед.

Во американските случаи за клевета против јавни личности, тужителите мора да докажат „вистинска злонамерност“, односно дека обвинетиот свесно ширел лажни информации или дејствувал со неодговорно непочитување на вистината.