
Од Министерството за животна средина и просторно планирање тврдат дека воздухот вчера не бил загаден во Трубарево, повикувајќи се на последните мерења што ги извршиле.
Информираат дека во периодот од 17.09.2025 (09:30 часот) до 18.09.2025 (09:30 часот) биле спроведени индикативни мерења на суспендирани цврсти честички со големина до 10 микрометри (PM), на мерното место во зоната на Трубарево.
-Мерењата се извршени со автоматскиот систем AMBICON RTM–PM, нефлометар кој овозможува реално време следење на концентрациите на честички во воздухот, со селекција на фракцијата PM.
За мониторинг беше користен инструмент ES-642, METONE, USA, сертифициран за индикативни мерења согласно MCERTS, UK.
Резултати од мерењата:
Просечна концентрација: 10.9 µg/m³
Максимална измерена вредност: 25.6 µg/m³
Моментална вредност: 16.5 µg/m³.
Според добиените резултати, просечните концентрации на PM честички се во рамките на дозволените граници и не е евидентирано надминување на граничните вредности.
Концентрациите се движат во рамките на 24-часовната гранична вредност за заштита на здравјето на луѓето, согласно Уредбата за гранични вредности за загадувачки супстанции во амбиентниот воздух.