Германски економски институт: САД се повеќе зависни од увоз од ЕУ отколку од Кина

Минатата година, Соединетите Американски Држави увезоа стока во вредност од 287 милијарди долари од Европската Унија, што е речиси два и пол пати повеќе отколку во 2010 година.

Соединетите Американски Држави се повеќе зависни од увозот од Европската Унија отколку од Кина, и во однос на вкупната вредност и во однос на бројот на производи, покажува студија објавена денеска од германскиот економски институт IW.

Минатата година, Соединетите Американски Држави увезоа стока во вредност од 287 милијарди долари од Европската Унија, што е речиси два и пол пати повеќе отколку во 2010 година.

Тоа се главно хемикалии, електрични апарати, машини и опрема.

Во 2024 година, стока во вредност од 247 милијарди долари пристигна од Кина во САД. Покрај тоа, САД регистрираат најмалку 3.100 групи производи, каде што повеќе од половина од нивниот увоз доаѓа од Европската Унија, додека има околу 2.900 такви групи производи од Кина.

Аналитичарите забележуваат дека производите со трајно висок удел во увозот на САД веројатно нема брзо да бидат заменети, фактор што Европската Унија треба да го има предвид во случај на ескалација на трговските тензии.

-Овие податоци јасно можат да им дадат до знаење на Американците дека, доколку продолжат да ги зголемуваат царините, практично влијаат на сопствената економија, вели коавторката на студијата, Самина Султан.

Како последно средство, Унијата би можела да воведе ограничувања за извоз на стоки кои се критични за американската економија, според IW. Студијата сугерира дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, би можела да заземе посилна преговарачка позиција во преговорите за царините со Вашингтон.