Тошковски за убиството на Росица и татко и’: МВР поднело кривична пријава, ЈО е тоа кое не побарало притвор

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со убиството во Велес изјави дека МВР поднело кривична пријава за лицето што ги уби Росица Коцева и нејзиниот татко по што се самоуби, и потенцираше дека обвинителството е тоа што предлага, а судот одредува притвор и носи пресуда.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со убиството во Велес изјави дека МВР поднело кривична пријава за лицето што ги уби Росица Коцева и нејзиниот татко по што се самоуби, и потенцираше дека обвинителството е тоа што предлага, а судот одредува притвор и носи пресуда. Тошковски рече дека е срамно да се лаже и да се манипулира јавноста заради одредени политички поени.

-Кој во оваа држава изрекува мерка притвор, и кој во оваа држава изрекува мерка затвор односно казна затвор? Кој во оваа држава согласно закон може да предложи мерка притвор, кој во оваа држава единствено може да поднесе обвинение? На првото прашање одговорот е единствено судот може да определи мерка притвор, на второто прашање единствено обвинителство може да предложи мерка притвор. Во оваа ситуација, јас не велам дека имало или немало вина и во рамки на постапувањето на МВР. Има внатрешна контрола, ќе покаже истрагата дали Министерството затаило или не затаило, ама срамно е да се лаже јавноста и да се манипулира јавноста Тошковски е крив. Зошто? Зошто судот досудил условна осуда. Зошто е Тошковски крив? Заради тоа што јавното обвинителство не побарало притвор, рече министерот Тошковски во интервју на Тема на денот на Сител.

Според него, треба да се постават други прашања дали за овој тип кривични дела треба да има построги санкции, дали треба поинаку да се процесуираат во рамки на ЗКП и друго.

За најавата дека утре ќе има протести пред МВР во врска со фемицидот во Велес и други убиства на жени, министерот за внатрешни работи рече дека не го оспорува правото на протест, но оти се знае кој е суд во државата, а кој обвинител.

По убиството на Росица, за утре најавен протест пред МВР: „Ниту една повеќе“

Тошковски потенцира дека МВР поднело кривична пријава за сторителот и прашува дали обвинителството побарало притвор.

– Изрекол ли судот мерка притвор за убиецот? МВР поднело кривична пријава. МВР ги презело дејствијата што требало да ги преземе. Дали тие биле навремени, соодветни, согласно професионални стандарди ќе провериме ама ја поднело кривичната пријава. Зошто обвинителството не побарало притвор? Зошто судот кога ја донел пресудата донел условна пресуда? Зошто не донел казна затвор? Да донел казна затвор и да утврдел мерка притвор сега Росица ќе беше жива, рече Тошковски.

Хибридните напади биле „мулти странични напади“. Тошковски сепак застанa зад теоријата на Мицковски за центри кои не напаѓаат

„Не е точно дека не сум се согласил со премиерот за хибридни напади“ изјави министерот Тошковски откако неколку дена во неговите изјави имаше различно мислење од тврдењето на премиерот дека не напаѓаат домашни и странски центри.

Земјата според него се соочува со серија големи пожари на депонии, складишта со опасен отпад и голем пожар на автомеханичарска работилница се „мулти странични напади“

. Не сум имал несогласување со премиерот за „хибридни напади“ како што медиумите известуваа. Прашан дали тие како што ги вели странични напади се од домашни или од странски центри и ако ги има од која земја се Тошковски одговори дека не би можел во интерес на истрагата да коментира.

Откако на повеќе прашања остана со одговор „во интерес на истрагата“ не би можел да одговорам Тошковски рече дека сега е воздржан но јавноста на крај ке ја дознаела вистината кои се тие центри не отфрлајќи дека нападите се од политички мотиви.