
Обама по убиството на Кирк: Америка се соочува со невидена политичка криза
Зборувајќи во Пенсилванија, Обама истакна дека, иако не го познавал Кирк и не се согласувал со многу од неговите ставови, неговото убиство го смета за „ужасно и трагично“, пишува Би-Би-Си.
По минатонеделното убиство на конзервативниот активист Чарли Кирк поранешниот американски претседател Барак Обама излезе во јавноста со остро предупредување за , како што наведе, „политичка криза каква што никогаш порано не сме виделе“.
Зборувајќи во Пенсилванија, Обама истакна дека, иако не го познавал Кирк и не се согласувал со многу од неговите ставови, неговото убиство го смета за „ужасно и трагично“, пишува Би-Би-Си.
Кирк(31) почина пред една недела од прострелна рана во вратот додека држел говор на Универзитетот Јута Вејли во Орем.
Вчера, 22-годишниот Тајлер Робинсон беше формално обвинет за убиството на Кирк, а се соочува и со обвиненија за кривични дела поврзани со поседување и употреба на неовластено оружје. Обвинителите објавија дека ќе бараат смртна казна.