МЖСПП: Квалитетот на воздухот во Трубарево во рамки на дозволените граници
Во Трубарево, пред четири дена избувна голем пожар во погон за преработка на електронски и опасен отпад. Оттогаш, освен зголемено количество на јаглерод моноксид на денот на пожарот, наваму, ниту една институција не измери зголемено загадување, ниту со метали, ниту со други материи, ниту пак зголемена радијација.
Министерството за животна средина и просторно планирање, преку податоците добиени од автоматските мерни станици на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, ја информира јавноста за состојбата со квалитетот на амбиентниот воздух во населбата Трубарево.
Според добиените мерења за суспендираните честички со големина до 10 микрометри (PM₁₀):
-
- просечната дневна концентрација во текот на вчерашниот ден изнесувала 19.7 µg/m³,
- максималната измерена вредност достигнала 39 µg/m³,
- моменталната концентрација изнесува 7.5 µg/m³.
Досегашните резултати од мерењата покажуваат дека сите просечни вредности за масена концентрација на PM₁₀ се движат во рамките на законски дозволените граници и досега не е регистрирано надминување на утврдените прагови.
Министерството останува посветено на транспарентно информирање на јавноста и редовно следење на состојбата со квалитетот на воздухот, со цел заштита на животната средина и здравјето на граѓаните, велат од таму.