Вучиќ имал „тешка дискусија за иднината на Западен Балкан“
Претседателот на Србија – Александар Вучиќ на Инстаграм напиша дека имал тешка дискусија за иднината на Западен Балкан со европските и регионалните лидери.
На маргините на Светскиот економски форум во Давос тој денеска разговараше со црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ и го поканил да присуствува на вечерата Отворен Балкан во Охрид, во наредните денови.
Вучиќ рече и дека Србија ќе земе заем од САД за „разни“ енергетски проекти.
„Разговарав со американскиот шеф на Експорт-импорт банката г-ѓа Луис за голем заем во иднина што треба да го земеме за енергетски проекти, прво соларни проекти, а подоцна и за хидропроекти“ – изјави Вучиќ во Давос.