
Рацете ви се извалкани со крвта на нашите деца, родителите од Кочани бараат одговорност од државата и институциите
Родителите прашаа каде биле инспекциите и институциите коишто морале да го затворат клубот кој работел без дозвола, но и каде се службениците коишто требале да ги извршат сите неопходни проверки за работата на објектот.
Роднините на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани бараат одговорност за сите коишто со своето молчење учествувале во ова злосторство. Вашите раце се извалкани со крвта на нашите деца, родителите од Кочани со оваа порака побараа одговорност од државата и институциите.
По повод шест месеци од трагедијата во Кочани, во која животот го загубија 62 лица, родителите организираа „Марш за ангелите“. „Оваа трагедија не е само последица на една искра или на невнимание. Таа е последица на системска слабост и неодговорност“, порача една од мајките на жртвите.
Родителите прашаа каде биле инспекциите и институциите коишто морале да го затворат клубот кој работел без дозвола, но и каде се службениците коишто требале да ги извршат сите неопходни проверки за работата на објектот.
„Тие молчеа и не постапија. Институциите се дел од државата. Ако тие не ја завршиле работата, тогаш државата има одговорност“, порачаа родителите од Кочани.