На Мерко му се суди за директорите на училиштата, одложено за спомен-обележјето

За предметот во Велешта, исказ пред судот даде обвинетата Шеј, која тврди дека не знаела дека при нејзиното вработување имало кривично дело, се додека поштарот не и доставил покана за на суд. Таа, како што наведе, пет години работела како професор по француски јазик, а во меѓу време предавала и етика, поради намалениот фонд часови. Кажа дека додека работела како професор неколку пати побарала да и се комплетира досието за приправник, но била одбиена од службите во училиштето, по што сама ги комплетирала документите за да полага приправнички испит.

Во Основниот суд во Струга денеска продолжи судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамис Мерко за незаконско поставување директор во Основното училиште „Зини Хани“ во Велешта и против Егзона Шеј, која во два последователни мандати ја извршувала функцијата в.д. директор, а според обвинението, се товари и за фалсификување исправа. Против Мерко се одржа и судско рочиште за незаконското поставување директор во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга, а беше одложено рочиштето за незаконски поставено спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда.

За предметот во Велешта, исказ пред судот даде обвинетата Шеј, која тврди дека не знаела дека при нејзиното вработување имало кривично дело, се додека поштарот не и доставил покана за на суд. Таа, како што наведе, пет години работела како професор по француски јазик, а во меѓу време предавала и етика, поради намалениот фонд часови. Кажа дека додека работела како професор неколку пати побарала да и се комплетира досието за приправник, но била одбиена од службите во училиштето, по што сама ги комплетирала документите за да полага приправнички испит.

Обвинетата кажа дека во ОУ „Зини Хани“ се вработила во март 2018 година, како апсолвент на ФОН, бидејќи имало недостаток од професор по француски и англиски јазик. Иако била одбиена од страна на училиштето за непотполна документација, Инспекторатот за образование во Струга и ја прифатил жалбата и била вработена како апсолвент, бидејќи била единствена пријавена за бараното работно место. Во 2022 година станала в.д. директор во училиштето.

Адвокатот на обвинетата Шеј, Димитрија Цобоски посочи дека неговиот клиент се товари дека употребила фалсификувана исправа, но оти од денешниот најзин исказ, а и од сите докази приложени со обвинителниот предлог, јасно се гледало дека ништо од наведеното како дејство на извршување на кривичното дело не стои.

Во судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор во Основното училиште „Браќа Миадиновци“ во Струга, одбраната на обвинетиот денеска побара испитување на вештото лице на обвинителството, а беше сослушан техничкиот советник на одбраната Киро Костов.

Во судот во Струга денеска беше одложено рочиштето во судскиот процес против Мерко за поставено спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда. Причина за одложувањето, според судечкиот судија Јордан Јованов, е отсуството на застапникот на обвинението и чекањето исход од постапката по поднесената тужба од Општина Струга против решението на Комисијата за заштита од дискриминација.

– Тој предмет во моментот, според известувањето што го имам добиено од Управниот суд, од нивна страна е решен, меѓутоа е обжален од страна на подносителот на тужбата и се чека одлука од Вишиот Управен суд, истакна Јованов.

Тужбата, појасни тој, се однесува на решението на Комисијата за заштита од дискриминација со кое што се утврдува дека со плочата е сторено вознемирување.

Мерко, како градоначалник на Општина Струга, минатата година, поставил спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда, со кое, според обвинението, поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, со што сторил кривично дело предвидено во член 27 од Законот за меморијални споменици и спомен-обележја. На предлог на обвинителството одземен му е пасошот и треба еднаш неделно да се јавува во судот.

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко е на „црната листа“ на Соединетите Американски Држави (САД) поради вмешаност во корупција.