
Подметнувањето пожар да се оквалификува како тероризам, бара премиерот
Покрај подметнувањето пожар да се третира како тероризам, Мицкоски рече дека измените за кои било разговарано треба помогнат и во решавањето на проблемот со дивите депонии, односно во нив да биде предвидено несовесното одлагање отпад да се казнува со затворска казна поголема од пет години.
Премиерот Мицкоски смета дека под итно треба да се донесат законски измени со кои подметнувањето пожар ќе се оквалификува како тероризам. За ова веќе разговарал со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски.
Покрај подметнувањето пожар да се третира како тероризам, Мицкоски рече дека измените за кои било разговарано треба помогнат и во решавањето на проблемот со дивите депонии, односно во нив да биде предвидено несовесното одлагање отпад да се казнува со затворска казна поголема од пет години.
„Во рамките на парламентарната процедура разговарав со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ итно да имаме измени во законите со коишто подметнување пожар ќе биде оквалификувано како дело на тероризам, а одлагање на смет онаму каде што не му е местото ќе биде друго кривично дело коешто ќе се казнува со казна затвор поголема од пет години“, изјави Мицкоски.