Низ целата земја има недостиг на учебници

За жал, низ целата земја има случаи каде учениците сѐ уште немаат добиено учебници. Некаде има повеќе, па тие се собираат и се препраќаат на друго место. Сега ќе се обезбедуваат со донација, а за новите учебници, како што претходно соопшти МОН, потрошени се 11 милиони евра.

– Во овој момент им праќаме дописи на училиштата. Ќе продолжиме понатаму да ги допрецизираме правилниците, за децидно да им биде кажано, што и како и во кој период треба да направат, за во иднина да немаме вакви проблеми – рече министерката за образование Весна Јаневска, која денеска присуствуваше на завршниот настан на проектот „Градиме нови мостови“.

Таа појаснува дека сега се воспоставува стабилен систем за снабдување со учебници, со оглед на тоа дека долги години немаше нови учебници, па се дискутираше дали треба или не да има учебници.

– За жал низ целата земја имаме такви примери. Но, веќе се обидуваме да обезбедиме донација за поголем број учебници, оние коишто се најважни и верувам дека тоа ќе успееме да го направиме. Дополнително има мала несоодветност во распределбата, па таму кадешто има вишок учебници се обидуваме да ги доставиме до други училишта, но за жал во целата земја, во многу училишта имаме ваков пример – вели Јаневска.