Ристески: Активните мерки носат поголема поддршка за невработените и бизнис-секторот

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, денеска беше во посета на Делчево каде што на средба со претставници со бизнис секторот ја следеше реализацијата на активните мерки за вработување и економски развој за тековната година.

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, денеска беше во посета на Делчево каде што на средба со претставници со бизнис секторот ја следеше реализацијата на активните мерки за вработување и економски развој за тековната година.

Ристески истакна дека интересот за мерките е голем, бидејќи оперативниот обем е зголемен за 7,5 милиони евра, односно достигнува околу 40 милиони евра.

Средствата, како што нагласи, се наменети не само за бизнис-секторот, туку и за невработените лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис или да се вработат во реалниот сектор, особено во малите и средни претпријатија.

-Овие мерки нема да останат во постојната форма, туку ќе ги унапредуваме со цел Оперативниот план да биде уште поактивен, насочен кон развој на стопанството и намалување на невработеноста. На крајот на годината ќе направиме анализа за да видиме кои мерки ќе продолжат и ќе бидат уште поблиски кон потребите на бизнис-секторот,“ изјави Ристески.

Во Делчево заменик министерот воедно го презентираше и завршниот биланс од акцијата „Училишна кошничка“ која траеше до 15 септември.

Според првичните информации, едно семејство во просек заштедило до 3.000 денари.

-Во текот на реализацијата на оваа акција беа спроведени околу 400 вонредни инспекциски надзори. Беа утврдени мали пропусти кои веднаш беа коригирани на местата каде што се продаваше училишен материјал,“ соопшти Ристески.

Заменик министерот посетата на Пијанец и Малеш ја продолжува со средба со претставници на бизнис секторот од Берово.