Само 500 службени возила добиле таблички во друга боја – голем број се во процедура

– До денешниот пресек имаме околу 500 брендирани возила, односно возила коишто добиле специјални таблички. Има и голем број возила коишто се веќе во процедура. Ќе оставиме уште две недели да направиме краен пресек – рече денеска директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата, Ивица Томовски.

Институциите да го рационализираат бројот на возила кои ги користат, да ги брендираат со службени регистарски таблички, само оние кои ги користат, а другите да ги продадат и да ги расходуваат.

– До денешниот пресек имаме околу 500 брендирани возила, односно возила коишто добиле специјални таблички. Има и голем број возила коишто се веќе во процедура. Ќе оставиме уште две недели да направиме краен пресек – рече денеска директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата, Ивица Томовски.

Томовски денеска ја посети општина Гази Баба, каде направи преглед на работата на постапката за обединување на службените возила во владение на општината. Оваа општина е една од првите која ги заменила регистарските таблички. Воедно, сите скопски општини се во постапка за промена на табличките како и другите градови Велес, Кавадарци, Штип.

Денеска ќе биде објавен и телефонскиот број за граѓаните ќе може да пријавуваат можни злоупотреби, а СОЗР ќе ги препраќа тие пријави до институциите.

Ги замоли институциите да ги рационализираат возилата, сите оние кои се нефункционални да ги расходуваат.

– Ние како владина служба од 220 возила коишто ги имаме во наша сопственост, во моментов имаме обележано 50 возила, можеби ќе обележиме уште 10 возила со специјални таблици, а со другите ќе пристапиме кон нивна продажба и расходување со цел да ги заштедиме трошоците во државата.

Вкупниот број на возила брои околу 7.500 возила, за кои Томовски признава дека уште немаат точна бројка, а тука спаѓаат сите возила и на МВР, АРМ, АНБ, сите возила на брзата помош.