Србија подготвува задолжителна воена служба

Иако не е завршена постапката за носење на законските измени, доколку се воведе задолжителна воена служба во Србија, се предвидува оние со приговор на совеста да се одлучат за цивилна служба без оружје. Цивилната служба во Србија порано траела подолго од воениот рок.

Српските вооружени сили работат на подготовки за задолжителна воена служба и дека таа ќе трае 75 дена, потврди неодамна началникот на Генералштабот на српските вооружени сили, Милан Мојсиловиќ.

– Започнавме со набавка на одредени материјални средства како што се униформи, како што се оружје, пресметки, трошоци, муниција за таа активност – изјавил началникот, додавајќи дека само се чека на донесување закон што формално ќе го потврди сето ова, за да може да започне.

Иако не е завршена постапката за носење на законските измени, доколку се воведе задолжителна воена служба во Србија, се предвидува оние со приговор на совеста да се одлучат за цивилна служба без оружје. Цивилната служба во Србија порано траела подолго од воениот рок.

Воената служба не би требало да важи за мажите постари од 60 години и за жените постари од 50 години. Исто така, постои можност за одложување на воената служба до 27 години.

Служењето би било задолжително за мажите, додека за жените доброволно. Исто така, се планира да се воведат специфични форми на служба за млади луѓе со техничко и технолошко знаење, кои би можеле да служат во единици што бараат такви вештини, на пример, управување со беспилотни летала.

„Мондо“ дава пресек на тоа кои видови лица би можеле да го избегнат најавениот воен рок во Србија. Тоа се лица оценети како медицински неспособни, со физички, ментални, здравствени или други проблеми.

Се очекува и слична одредба за лица кои се единствени хранители во семејството како што било некогаш кога се служел воен рок во минатото.

Ако лицето служи војска во друга земја каде што исто така поседува државјанство тогаш би можело да биде ослободено од служењето на рокот во Србија.