
„Диела“ од кабинетот на Рама не помина на потпис кај претседателот Бегај
-Уредба шефот на државата не потпиша за виртуелната министерка „Диела“, која е 17. член на новата влада. Ова е затоа што, на 12 септември, кога претседателот Бајрам Бегај му го даде мандатот на Еди Рама за премиер, во член 2 од потпишаната уредба наведува дека: „Премиерот, исто така, е одговорен за воспоставување и функционирање на министерката за вештачка интелигенција „Диела", објавија медиумите.
Албанскиот претседател Бајрам Бегај, доцна попладнево, по доставениот предлог од мандатарот Еди Рама, потпиша уредби за 16 од 17 министри на новата влада “Рама 4″.
-Уредба шефот на државата не потпиша за виртуелната министерка „Диела“, која е 17. член на новата влада. Ова е затоа што, на 12 септември, кога претседателот Бајрам Бегај му го даде мандатот на Еди Рама за премиер, во член 2 од потпишаната уредба наведува дека: „Премиерот, исто така, е одговорен за воспоставување и функционирање на министерката за вештачка интелигенција „Диела”, објавија медиумите.
Указите се проследени до Собранието, каде што имајќи го во предвид бројот на пратениците, гласањето ќе биде само формално, а потоа новиот кабинет ќе треба да положи заклетва според Уставот во Кабинетот на претседателот.
На истата седница, која се очекува да се одржи до крајот на оваа седмица, Рама ќе ја претстави и програмата, која како што најави е под мотото “Албанија во ЕУ 2030”.
Во владата, старо нова вицепремиерка и министерка за инфраструктура и енергетика е Белинда Балуку, како и Пиро Венгу, кој го задржува ресорот одбрана, министерка за внатрешни работи ќе биде Албана Кочиу, што е прва жена на оваа функција во историјата на земјата, шеф на дипломатијата Елиса Спиропали, за финансии Петрит Малај.
Претходно, во текот на денов лидерот на опозициските демократи, Сали Бериша, изјави дека доколку Бегај потпише уредба и за “Диела” ќе биде ” најскандалозен чин во историјата на земјата и кршење на уставните надлежности”.
Тој уште еднаш го обвини Рама дека неговиот „министер за набавки“ „Диела“ ќе биде искористен за отстранување на одговорноста на извршната власт за кражба на пари од државниот буџет.