Трамп вели дека е подготвен да воведе санкции врз Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да воведе санкции врз Русија, но Европа мора да дејствува на начин што е соодветен на САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да воведе санкции врз Русија, но Европа мора да дејствува на начин што е соодветен на САД.

-Европа купува нафта од Русија. Не сакам тие да купуваат нафта, им рече Трамп на новинарите синоќа.

„А санкциите што ги воведуваат не се доволно силни. Јас сум подготвен да воведам санкции, но тие ќе мора да ги зајакнат своите санкции за да бидат соодветни на моите“, додаде американскиот претседател.