Грција освои бронза на Евробаскет 2025

Репрезентацијата на Грција попладнево ја совлада Финска со 92:89 во натпревар за третото место на Евробаскет 2025.

Репрезентацијата на Грција попладнево ја совлада Финска со 92:89 во натпревар за третото место на Евробаскет 2025.

Грците до бронзениот медал во Рига стигнаа по драматична победа извојувана во самиот финиш во кој Финците имаа шут за победа на четири секунди пред крајот.

За Грција ова е прв медал на евро-шампионатите по пауза од 16 години.

Вечер од 20 часот исто така во Рига, Летонија, во дуелот за трофејот ќе се соочат Турција и Германија.