
ОЈО Скопје по пожарот во Трубарево: Нема радијација, но има хемиска контаминација
„Радијација не е детектирана, контаминацијата е хемиска. Обвинителството бара поддршка, не издава наредби на АРМ. На барањето беше веднаш одговорено и беше првично детектиран опасен периметар со ниво на загаденост по сектори и согласно тоа надлежни служби пристапија на евакуација. Резултатите од мерењата на инспекторатот за животна средина се уште не се доставени до обвинителството“, соопштија од ОЈО.
Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека во врска со големиот пожар во складиште со отпад во Трубарево, засега не е детектирана радијација, туку станува збор за хемиска контаминација.
„Радијација не е детектирана, контаминацијата е хемиска. Обвинителството бара поддршка, не издава наредби на АРМ. На барањето беше веднаш одговорено и беше првично детектиран опасен периметар со ниво на загаденост по сектори и согласно тоа надлежни служби пристапија на евакуација. Резултатите од мерењата на инспекторатот за животна средина се уште не се доставени до обвинителството“, соопштија од ОЈО.
Пожарот, кој избувна во саботата, предизвика густ токсичен чад што се прошири над повеќе скопски населби. Жителите алармираа за печење на очите и проблеми со дишењето, а дел од нив беа евакуирани. Институциите и натаму вршат мерења и проценки за последиците врз здравјето на населението и животната средина.