Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Во Скопје, претпладне умерено облачно, попладне, а особено во текот на ноќта ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степенiи.

Претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во источните делови од земјата.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени.

Во Скопје, претпладне умерено облачно, попладне, а особено во текот на ноќта ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степенiи.

Во понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во источните делови од земјата. Преку денот ќе дува засилен северен ветер (локално над 60 km/h). Од вторник времето ќе биде стабилно и топло.