
Скопје и денеска се гуши во чад. Уште не се санирани последиците во Вардариште и Дрисла, а се јавија и нови пожари, од кои што огромни црни облаци се надвија над делови во градот. Снимките се повеќе од загрижувачки.
Жители на Ново Лисиче велат дека се слушаат и експлозии од правец на Трубарево, јавува Независен.
Пожар избувнал го компанијата „Ф-Групација“ во Турбарево, која се занимава со електронски отпад, а во негово гасење се вклучени неколку екипи од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје кои претходно интервенирале и во гаснење на пожар во стара Цементара на ул. „Горноврановска“ во Горно Лисиче, потврдија од Дирекцијата за заштита и спасување и од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.