Застрашувачки фотографии: Гори пластика во пожар во Трубарево

Новиот пожар кој денеска повторно ги загрижи скопјани е во Трубарево.

Пожар избувнал го компанијата „Нула отпад“ во Турбарево, а во негово гасење се вклучени неколку екипи од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје кои претходно интервенирале и во гаснење на пожар во стара Цементара на ул. „Горноврановска“ во Горно Лисиче, потврдија од Дирекцијата за заштита и спасување и од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.

– Има голем пожар во Трубарево, со кој се зафатени отпадни материи, се гасне со повеќе екипи, изјави за МИА Звонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.

Фотографиите се застрашувачки.