
Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од редовите на СДСМ, Костадин Ацевски, го претстави носителот на советничката листа – Дејан Трајковски, познат меѓу ѓорчевци како Џонсон.
„Чест ми е да ви го претставам носителот на победничката листа на советници на СДСМ во Ѓорче Петров, Дејан Трајковски – Џонсон. Дејан или попознат меѓу ѓорчевци како Џонсон, е пензиониран началник на сообраќајната полиција во МВР со долгогодишно искуство во безбедноста во сообраќајот. Познат е по својата посветеност, чесност и искрена желба да ги слуша и решава проблемите на граѓаните“, напиша Ацевски.
Тој додаде дека заедно со Џонсон и кандидатите на советничката листа ќе работат чесно, одговорно и посветено за подобар живот во општината. „Не ветуваме чуда, ама ветуваме многу работа и упорност за Ѓорче да го направиме подобро место за живеење“, истакна Ацевски.