Вдовицата на Кирк: Немате поим каков оган запаливте и што ослободивте низ САД и светот

– Чарли го убија затоа што проповедаше патриотизам, вера и милосрдна љубов кон Бог, рече Ерика Кирк. Таа додаде дека движењето на нејзиниот покоен сопруг ќе продолжи да живее и да се бори за вредностите што тој ги застапуваше.

Американскиот конзервативен активист Чарли Кирк беше убиен за време на јавен настап во САД, а неговата сопруга Ерика порача дека бил мета поради идеалите што ги бранел, пренесе Си-Ен-Ен.

– Чарли го убија затоа што проповедаше патриотизам, вера и милосрдна љубов кон Бог, рече Ерика Кирк. Таа додаде дека движењето на нејзиниот покоен сопруг ќе продолжи да живее и да се бори за вредностите што тој ги застапуваше.

Кирк на 10 септември беше застрелан во вратот додека држеше говор пред околу 3.000 студенти на Универзитетот Јута Вали

Во говор одржан во седиштето на организацијата на Кирк, Turning Point USA, Ерика Кирк им се обрати и на оние што ги нарече „злосторници“.

– Немате поим каква огнена вистина запаливте во оваа сопруга, плачот на оваа вдовица ќе одекнува низ светот како боен повик. Секој треба да го знае ова: ако мислевте дека мисијата на мојот сопруг беше моќна порано, немате поим, немате поим што ослободивте низ оваа земја и светот токму сега, нагласи таа.

Вдовицата на Кирк најави дека турнејата на нејзиниот сопруг низ американските универзитети ќе продолжи оваа есен и во наредните години, како и неговиот поткаст.

Шефот на ФБИ, Кеш Пател вчера потврди дека осомничениот убиец на Чарли Кирк, кој е идентификуван како Тајлер Робинсон (22), е уапсен.