Германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за „ДВ“ рече дека ЕУ и САД ја водат иницијативата за намалување на цените на горивото ширум светот – повикувајќи ги земјите да го зголемат производството на нафта и гас. Тој ја критикуваше одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да продолжи со „бруталната војна“ во Украина, нарекувајќи ја „империјалистички пристап“.
Шолц рече дека му рекол на рускиот претседател дека војната „никогаш нема да има добар исход“ за Русија.
„Тие ќе се вратат наназад во однос на можностите за економски развој со децении, ќе страдаат и тие страдаат, а за излез од оваа ситуација, [Путин] мора да ја запре војната“ рече канцеларот.
Шолц потврди дека САД и ЕУ работат заедно за да ги намалат трошоците.
„Ќе имаме многу тешка ситуација ако ги погледнеме цените на горивото. Очигледно нема да биде изводливо да ги субвенционираме, па дури и на глобално ниво. Сега разговараме со сите овие земји кои експлоатираат нафта и гас и се обидуваме да ги убедиме да ги зголемат своите капацитети, така што ќе му помогнат на светскиот пазар“ – рече Шолц.