
Македонец го споделува примерот од Токио: Имаме инсинератор кој од отпадот прави струја за соседството
Македонецот Симон Калајџиев кој живее и работи во Токио, главниот град на Јапонија, сподели како се управува со отпадот во местото каде што живее. Ова следи откако Скопје се соочува со повеќедневно аерозагадување од запалените депонии во околината на Скопје.
Македонецот Симон Калајџиев кој живее и работи во Токио, главниот град на Јапонија, сподели како се управува со отпадот во местото каде што живее. Ова следи откако Скопје се соочува со повеќедневно аерозагадување од запалените депонии во околината на Скопје.
– На 5 минути пешки од станот кај што живеам во Токио имаме инсинератор за отпад кој е во постојана служба и од сето собрано, селектирано ѓубре од соседството произведува струја за истото. Има филтер кој целосно го заштитува квалитетот на воздухот. Целата работа на инсинераторот е транспарентна за јавноста и напред има панел кој покажува колку отпад е собран и согорен секој ден и колку енергија е произведено од тоа, појаснува тој.
– Низ инсинераторот може слободно да се шетате и да ја гледате работата на службите и вработените, зад безбедносни стакла. Може за се да ги прашате. Се гледа дури и огнот во самите печки, како и генераторите за струја. Се е објаснето со надгледни сретства, сензорни уреди и интерактивни дијаграми. Во склоп на објектот има и парк, центар за обука за здрава животна средина, простории на располагање на месната заедница за активности и настани, сцена за културни и музички настапи, библиотека и детско катче, раскажува Калајџиев.
– Секој граѓанин придонесува на службите за собирање отпад со тоа што мораме да го сортираме сами отпадот и да го изнесуваме во специјални кеси кои кога ги купуваме плаќаме одредена таксена марка за секоја ќеса според литража. Струјата што се произведува ја користиме и имаме увид во целото располагање на инсинераторот и на произведената струја, завршува за ова позитивно искуство кое се применува во Јапонија.
Скопје е далеку од Токио, и во географска, но и во технолошка и управувачка смисла! Има ли надеж некој ден ова да биде реалност и во македонскиот главен град?