СДСМ: Ќе побара ли Мицкоски одговорност од претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

„Даме Димитровски, актуелен советник на премиерот Христијан Мицкоски за животна средина и поранешен претседател на Комисија за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ, е претседател на Управниот одбор на Дрисла. Ќе побара ли сега Мицкоски одговорност од него?“, прашуваат од СДСМ. 

Скопје е задушено во чад поради горењето на депониите, граѓаните со најскапото нешто – со своето здравје ја плаќаат цената на неспособноста и лагите на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на СДСМ.

„Даме Димитровски, актуелен советник на премиерот Христијан Мицкоски за животна средина и поранешен претседател на Комисија за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ, е претседател на Управниот одбор на Дрисла. Ќе побара ли сега Мицкоски одговорност од него?“, прашуваат од СДСМ.

Од таму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ имаше и директор на Дрисла – Јане Мицевски, човек без никакво соодветно искуство, магистер за туризам и менаџмент, како и дека со депонијата Вардариште со децении управуваат нивни градоначалници, од Коце Трајановски, до Бобан Стефковски.

Пред четири години ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници ветуваа: „Фабрика за селекција на отпад во Дрисла“, затворање на Вардариште, намалување на стакленички гасови, покривање и озеленување“, ветуваа „Зелена зона Вардариште“ со спортско-рекреативни терени a Тимчо Муцунски ветуваше дислокација.

Поминаа 4 години ништо од ова не е направено. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не само што ништо не исполнија, не само што ништо не решија, туку ги оставија депониите да го трујат градот, се вели во соопштението на СДСМ.