Ангелов: Со засилено темпо продолжува затрупувањето на депонијата Дрисла

Утрово со засилено темпо продолжи затрупувањето на делот од депонијата Дрисла од кој излегува чадењето, а кој е со големина приближно колку фудбалско игралиште, изјави денеска Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

-Отворен оган не може да се забележи, чадењето е делумно намалено, но се уште присутно. Од она што можам да го забележам на лице место во депонијата Дрисла, двата земјени пристапни патишта кои во текот на вчерашниот ден беа изработени како насип низ заезерената површина од отпадни води длабока околу 1,5 метри, значително го олеснуваат пристапот до критичното место.
Во овој момент работат оптимален број на камиони, багери и булдожери, а како што ќе се создаваат услови нивниот број ќе се зголемува, вели Ангелов.

Тој дополни дека на дивата депонија Вардариште нема горење ниту чадење, но и денес продолжува затрупувањето на критичниот канал во кој се одвиваше пожарот.