
Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, смета дека резолуцијата што ја подготвува СДСМ може да предизвика штета ако испровоцира исто таков потег од Бугарија.
-Зошто ви е резолуција кога имате Преговарачка рамка? Што ќе донесе таа? Сакаме ли да ги поттикнеме Бугарите и тие да донесат нова декларација? Да се зацементираат црвените линии? Па, црвените линии се во Преговарачката рамка. Нема бенчмарк за историјата. Јазикот е утврден. Посебноста ја признаа. Без оглед што за домашна употреба пуштаат забелешки за записникот, тие си гласаа за Преговарачката рамка, а во неа стои македонскиот јазик – вели Османи.
Според него, треба време за да се сфати дека Преговарачката рамка е најдобро решение за Македонија.