
(Видео) Тасева: Употребата на Вештачката интелигенција е можност за зголемување на нашиот БДП
-Ние како земја, со оглед на нашата големина, со оглед на тоа дека светот е неограничен денеска и нашите знаења се неограничени, апсолутно треба да ја видиме ВИ како можност да го зголемиме својот БДП. И не само тоа. Може да допринесеме младите да се вратат назад, може да допринесеме кон подобра бизнис клима, кон зголемена продуктивност и тн. Значи на многу нивоа може да ни помогне да имаме дополнителен развој, вели Тасева.
„Нашата земја низ годините не е назад во поглед на едукација на ИТ кадарот. Многу пати сме создале нови индустрии како софтвер тестерите кои беа доста популарни и допринесоа кон севкупната економија на државата, допринесоа кон извоз на сервиси, на услуги, на дополнителни пари кои стигнаа во нашата држава. Но сега се случува глобално, па и кај нас, тренд на примена на вештачката интелигенција (ВИ) и тој тренд и кај нас е видлив, сеопфатен, но сѐ уште има доста простор.
-Деновиве имав многу дискусии дали нашите компании и нашите граѓани знаат за тоа што е генеративна вештачка интелигенција. Тоа всушност е „промптинг“, односно оној начин на разговор што го имаме секојдневно со ЧетЏПТ или со било кој друг програм на вештачката интелигенција, но таа не завршува тука. Тоа значи дека нас ни е потребна понатамошна едукација, понатамошен развој како за индивидуалците така и за компаниите за тоа што значи ВИ како начин за примена, не само во технологијата туку и во бизнисот, изјави за „Трилинг“ Валентина Тасева извршна директорка на Семос едукација.

За тоа колку ВИ ќе ги замени или во најмала рака ќе допринесе за намалување или рационализација на кадарот па можеби и потреба за преквалификација на работните позиции, Тасева вели секако дека некои работни места ќе бидат згаснати, но ќе се појават и нови.
„Дали ќе се појави потреба за преквалификација? Да. Претквалификацијата на многу професии е неопходна. ВИ ќе биде видлива на три нивоа – едно во рамки индустриите (креативните). Второ во рамки на професиите во тие индустрии. На пример една од професиите во креативните индустрии е графички дизајнер или пак видеографер. Тие професии ќе мора да бидат променети или дополнети. Оние луѓе кои се во тој сектор ќе мора да имаат нови знаења“, вели Тасева.
Одговорајќи на прашањето дали некои работни места ќе исчезнат и кои професии ќе бидат први на удар, извршната директорка на Семос едукација вели дека најмногу засегнато ќе бидат оние професии кои се базираат на знаење.
„Знаењето денеска заради ВИ станува присутно. Вие може со ЧетЏПТ или со било која алатка која претставува ВИ да си направите муабет и да го добиете сето знаење на светот за 5 секунди“, додава Тасева.
Тасева за „Трилинг“ говореше и за тоа дали и колку вештачката интелигенција ќе допринесе во зголемување на БДП-то.
„Многу е важно како ќе го искористиме ова знаење. На пример во Англија 360.000 луѓе се занимаваат со ВИ. Стратешка определба на државата е да се движи кон вештачката интелигенција. Ќе ги споредиме ЕУ и САД. Европската унија, Европската комисија интензивно вложуваат во сите знаења за ВИ со цел да ги држи земјите членки конкурентни на остатокот од светот.
-Ние како земја, со оглед на нашата големина, со оглед на тоа дека светот е неограничен денеска и нашите знаења се неограничени, апсолутно треба да ја видиме ВИ како можност да го зголемиме својот БДП. И не само тоа. Може да допринесеме младите да се вратат назад, може да допринесеме кон подобра бизнис клима, кон зголемена продуктивност и тн. Значи на многу нивоа може да ни помогне да имаме дополнителен развој.

Околу истражувањето направено во Хрватска дека агентите на ВИ можат да постигнат заштеди до 40% во деловните и индустриските примени, Тасева вели дека целосно се согласува со тој податок, но и дека ние како земја сѐ уште не ги користиме. Таа издвојува и дека примената на вештачката интелигенција доаѓа многу брзо.
„Значи една карактеристика е многу важна – тоа е брзината. Агентите се следното нешто од аспект на ВИ кои ќе бидат насекаде околу нас. Примери во рамките на мојата компанија – еден е тоа дека агентот денеска ни одговара на сите прашања кои се внатре во компанијата – колку денови имам одмор, кои се правилата, како се фотографира нов вработен и тн. Втор пример е дека агентот може да ви служи и како продавач, но тоа е веќе видено низ годините. Трет пример – во рамки на одделите за финансии. Агентот може да ги каже правилата за тоа каде се доставуваат документите, за патните налози, што кога ќе се прати атачмент. Значи вие веќе нема потреба да знаете дали сте го заборавиле мејлот и дали тој содржел некој документ – агентот ќе го стори тоа за вас. Агентите многу набргу се нашето секојдневие.
Тасева во разговорот истакна и некои од причините за успехот на Семос едукација.
„Растеме затоа што цело време учиме. Еве на пример ВИ кај нас е присутна од 2019 година. Најголем период за раст кај нас беше во време на Ковид пандемијата. Тогаш она знаење што го имавме од предавањата во странство, на пример во Исланд, Норвешка каде температурите или природата не дозволуваат патување се се одвива онлајн и ние го донесовме тука. Ние бевме спремни. Значи кога се затвори државата и светот ние веќе знаевме како да работиме онлајн. Од 4 000 слушатели пораснавме на 9 000. Од 20 вработени пораснавме на 50. Но за тој период не е само важно бројот на луѓе туку и дигиталната трансформација која ние сами за себе ја направивме. Значи моравме да научиме целосно дигитално да работиме“, вели Валентина Тасева извршна директорка на Семос едукација.
Целото интервју погледнете го во видеото.