Трамп тврди: Го фативме осомничениот за убиството на Кирк

Тој не сакаше да открие за кого станува збор, но потврди дека ќе има нови информации во текот на денот.

Американскиот претседател Доналд Трамп прашан дали има некакви вести за осомничениот за убиството на Чарли Кирк одговори: „Мислам дека го имаме во притвор со висок степен на сигурност“.

Тој не сакаше да открие за кого станува збор, но потврди дека ќе има нови информации во текот на денот.

Додаде дека слушнал како осомничениот бил уапсен „пет минути пред да влезам во студиото“ и дека „некој многу близок“ до осомничениот им пријавил информации за него на властите.

Ги пофали локалните власти, велејќи дека „одлично си ја завршиле работата, сите соработувале“.

„Сè испадна добро“, рече тој.

Додаде дека се надева дека убиецот на Кирк ќе добие смртна казна.

„Кирк беше најдобрата личност и не го заслужуваше ова“, рече тој.